Уапсени 10 Кинези на патот Битола-Демир Хисар

На 22.01.2026 во 18:40 часот на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, во близина на мост на река Шемница, поради сомнение за незаконски влез во државата, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода З.К.(58),Ф.У.(18), З.У.(62), З.М.(34), Ј.Х.(50), Х.Г.(27), Д.К.К.(38), В.Ј.(49), Г.К.(40) и Ч.М.(27), сите од Народна Република Кина.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци по член 147 од Закон за странци.