Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица и едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.