Уапсени две лица од с.Житоше, пукале на семејна веселба!

На 22.10.2025 во 16:00 часот полициски службеници од Полициското одделение Ропотово во с.Житоше ги лишиле од слобода  В.Е.(26) и Б.Е.(57), двајцата од  с.Житоше, затоа што на семејна веселба пред куќата каде што живее во с.Житоше, В.Е. во воздух испукал неколку истрели од огнено оружје.

На лице место пронајдени се чаури, а од лицата одземени се гасен пиштол, сопственост на В.Е. и ловна пушка и дозвола за поседување на име на Б.Е..

По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.