„Убавината некогаш ја користам за да ги вртам мажите околу малиот прст“, вели навивачка

Фотографија од трибините со русокоса убавица од Полска го обиколи светот за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Англија и Полска како дел од квалификацискиот циклус за одење на Светското првенство 2022 година.

И тогаш таа сподели фотографија на Инстаграм каде позира на трибините во кратки шорцеви, маичка и чизми, а облечена во шал од Полска, стана хит на социјалните мрежи, особено кај мажите.

Во меѓувреме, се дозна дека станува збор за Јулија Карина Скроџка – поранешна вицешампионка на изборот за Мис Полска, што се одржа во 2017 година во Германија.

Покрај тоа, Јулија неодамна учествуваше во реалното шоу „Hotel Paradise 2“, каде што исто така привлече големо внимание.

Кога влезе во шоу-то, Јулија откри нешто повеќе за себе.

„Свесна сум за мојата убавина и понекогаш ја користам за да ги вртам мажите околу малиот прст. Исто така, немам комплекси кога станува збор за изгледот. Признавам, малку ги пумпав усните и ги зголемив градите”, признава Јулија.