Убиството во Прилеп најавено на Фејсбук, еве што напиша убиецот

Тројно убиство ја потресе Македонија, откако вујко во Прилеп ги усмрти својот 11-годишен внук и таткото на детето, а потоа си го одзеде животот. Непосредно пред да го изврши злосторството, убиецот оставил вознемирувачка порака на својот Фејсбук профил.

„Мојата сестра Љуба Чупароска и нејзиниот син… Ми украде и одзеде скоро сè, останатото им го дадов сам, но… Не играјте си со оние кои што немаат што да изгубат!“, напиша тој, заедно со слика на фигура налик на Смртта во црна наметка пред шаховска табла.

Според досегашните информации, трагедијата се случила во куќата на убиецот, каде тој ги намамил жртвите, по што ги усмртил. Откако полицијата била алармирана и интервенирала, тој се заканувал со оружје и експлозив, а потоа се самоубил.

МВР и Јавното обвинителство сè уште работат на расветлување на мотивите и околностите на овој страшен случај.