Ученик со нож нападнал професор и ученици во училиште во Словачка, има загинати!

Две лица загинаа, а едно е во критична состојба откако ученик со нож нападнал средно училиште во селото Спишка Стара Вес на истокот на Словачка, јавува порталот Тераз.

Според изјавата на полицискиот претставник, осомничениот за нападот бил приведен откако бил во бегство околу еден час.

Според словачките медиуми, убиени се наставник и ученик.

Според медицинските служби има повеќе ранети, но не се знае точниот број, пишува Тераз.

На местото на настанот дежураат повеќе екипи за итна помош.

Претходно полицијата соопшти дека 18-годишниот маж кој го изврши нападот е во бегство и дека по него е распишана потерница.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното