Учениците се враќаат во клупите: Започнува второто полугодие!

После тринеделниот зимски распуст, од денеска учениците повторно се враќаат во училишните клупи, со што и официјално започнува второто полугодие од учебната година.

Според предвидениот календар, учебната година за сите ученици ќе заврши на 10 јуни, освен за матурантите, кои наставата ќе ја завршат порано – на 16 мај.

Оваа учебна година донесе една значајна промена – укинување на пролетниот распуст. Оваа одлука беше донесена по спроведена анкета, во која мнозинството наставници, родители и ученици се изјаснија против постоењето на дополнителен распуст.

Со ова, се очекува распоредот на часовите и наставните активности да тече посинхронизирано и да овозможи полесно завршување на обврските до крајот на учебната година. Учениците и наставниците повторно се соочуваат со предизвиците на второто полугодие, во кое ги очекуваат нови знаења, тестови и активности.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното