Училиштето во Визбегово сѐ уште затворено – жителите протестираат: Децата останаа без настава

„Отворете го училиштето“, „Кој нè дискриминира?“ прашуваат учениците од новото основно училиште кое годинава се изгради во скопската населба Визбегово. Откако започна новата учебна година на 2 септември, тие се уште не им се израдувале на училишните клупи.

Освен тоа, не можат ни да се вратат во училиштата каде што учеле порано, бидејќи од таму се испишани. Како што велат проблемот е во тоа што во училиштето се уште нема наставници.

„На нас веќе 2 недели ни рекоа да ги земем документите од училиштето 26 јули и да ги пратиме кај училиштето во Визбегово. Ние ги доставивме документите но училиштето во Визбегово не се отвара. Сега од девети месец останавме без настава. Доаѓаме во 7 наутро но училиштето е затворено“, вели ученичка.

Кое одделение си?

„Петто!“

Каде учеше досега.

„Во Рајко“.

Дали сега се запиша во Визбегово за да продолжиш со настава тука? Да!

Зошто не продолжи? “Нема наставници.“

„Што има полошо за еден родител кој им го дал гласот и пред и потоа на овие кои се во тие фуникции, да му каже детето тато зошто не не носиш на училиште? Дали има полошо за овој народ во 21 век? Го земам и го носам на училиште, велат ги земавте документите и ги носевте таму. Нема наставник. Не е причината дека нема наставници. Ова не е поради недостигот на наставници, туку овие деца сега се жртва за одредена работа или политика!“

„Жал ми е што во вакво време нема кадар, на пример во време кога лица со завршено високо образование седат дома. Тоа не е причината. Не знам каде е проблемот. Потоа децата веќе месец дена останаа без настава, можеби така ќе биде уште еден месец. Јас не знам кој ќе им објасни на децата или што ќе направат во иднина. Вака не оди!“

Го исконтактиравме директорот на училиштето „Визбегово“, Кадри Елези. Рече дека на почетокот на следната недела ќе се отвори огласот за вработување на наставници и дека за тоа се договориле со општината.

„Помина целата постапка за давање согласност, ги доставивме сите согласности во Службен весник и едноставно чекаме во понеделник да се отвори огласот, од понеделник до среда да се пријават кандидати и потоа нивниот избор за почеток на учебната година“, вели Кадри Елези.

Го прашавме и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Ни рече дека огласот е отворен за сите кои се заинтересирани и сметаат дека ги исполнува условите, може да се пријават. Огласот трае три работни дена, односно до среда.

Костовски извести дека огласот е отворен за 13 наставници, а директорот на училиштето рече дека барањето е за 21 наставник. Свеченото отворање на училиштето беше на 2 септември, на првиот училиштен ден и единствениот ден кога учениците од оваа населба можеа да влезат во нивното ново училиште.