УЕФА ќе истражува три сомнителни натпревари во Србија!?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) испратила допис со фудбалскиот сојуз на Србија за сомнителност во регуларноста на натпреварот Партизан – Динамо Врање (6:0).

После дописот, наводно покрената е истрага за овој натпревар на кој гостинскиот голман Урош Ѓуриќ со неколку комични реакции директно влијаел на резултатот, а истиот потоа беше обвинет за поразот од страна на својот тренер кој му рекол дека „ќе ја заврши кариерата“ и го суспендирал истиот.

Со посредство на податоците преку кои се регистрираат уплати во обложувалниците, покрај овој натпревар, сомнителни се уште два меча: Пролетер – Раднички Ниш (1:2) и Земун – Рад (1:0).

Додека се подготвува голема истрага, од Партизан велат дека нема ништо сомнително од нивна страна за споменатиот натпревар.

Пред неколку недели УЕФА исто така најави истрага за натпревар од Лигата на шампионите во кој учествуваше и српскиот тим Црвена Звезда. Тоа е натпреварот со ПСЖ одигран во Париз кој заврши со 6:1.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното