Зоолошката градина во Битола се прости од еден од своите најпрепознатливи и најомилени жители – нилскиот коњ Берта.
„Вчера семејството на Зоолошка градина Битола го напушти Берта, нашиот Нилски коњ. Берта беше омилена радост на најмладите наши гости повеќе од една деценија. Пред да се пресели во нашата ЗОО Градина, Берта, близу 40 години, се дружеше со жителите и посетителите и на зоолошките градини во Скопје, Белград и во Виена, од каде и потекнуваше. Овој наш жител има свои потомци во ЗОО градините во Виена,Белград и Скопје. И покрај длабоката старост Берта одржуваше солидно здравје кое и покрај континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, сепак не можеше многу, против природниот крај за овој животински вид, кој на оваа возраст е неизбежен“, велат од таму.
Тимот на ЗОО Битола соопшти дека веќе се преземаат чекори современото живеалиште на нилскиот коњ да не остане празно. Наскоро се очекува таму да пристигне нов жител кој ќе ја продолжи традицијата на пријателство со посетителите.
