УХМР најавува нестабилно време: Следуваат денови со дожд, грмежи и силен јужен ветер

Македонија влегува во период на променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, особено нестабилно се очекува да биде во петок и понеделник.

Во петок и понеделник, метеоролозите најавуваат дека врнежите на места ќе бидат поројни, со услови за појава на грмежи. Дополнително, во понеделник се очекува врнежите наместа да бидат и пообилни.

Карактеристика на наредниот период ќе биде и силниот ветер од јужен правец. Од УХМР предупредуваат дека ветерот ќе биде засилен, повремено силен, а неговата брзина локално ќе надминува 70 километри на час.