УХМР: Попладне засилен ветер, појава на дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. УВ=7

Времето утре

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. УВ=7