УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи најавува промена на временските услови и период на нестабилно време со дожд, грмежи и можност за локално невреме.

Според прогнозата, утре под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Се очекува и појава на грмежи.

Се вчитува...

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но попладневните часови ќе носат нестабилност со чести локални врнежи од дожд и грмежи.

Од УХМР предупредуваат дека локално процесите може да бидат поинтензивни и да преминат во краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

За Скопје, за утрешниот ден се прогнозира претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за грмежи и засилен ветер.

И во главниот град во следниот период ќе има променливо облачно време со сончеви интервали, а попладне можни се краткотрајни невремиња со дожд, грмежи и силен ветер.