Македонија

УХМР предупредува: Обилни врнежи и силен ветер во наредните денови

УХМР предупредува: Обилни врнежи и силен ветер во наредните денови

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео предупредување за обилни врнежи од дожд и засилен ветер што се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток.

Според прогнозата, под влијание на циклонска активност, утре се очекуваат пообилни врнежи кои на одделни места ќе надминат 20 литри на метар квадратен, додека во четврток количината на врнежи може да надмине и 30 литри на метар квадратен.

Покрај дождот, ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој на одредени места ќе достигнува брзина од над 70 километри на час.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат временските услови, особено поради можни локални поројни врнежи и силни налети на ветер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни