УХМР со предупредување: Ќе имаме невреме со пороен дожд, грмежи, град и ветер од 60 км на час!

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, особено утре и во деновите од викендот.

Во Скопје, утре и во четвртоквремето ќе бидепроменливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината повремено ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното