Украдени 20.000 евра од куќа во Кривогаштани

Од куќа во прилепско Кривогаштани украдени се околу 20 илјади евра. Кражбата е извршена ноќеска во периодот од 03 до 08 часот во домот на 60-годишниот М.Ш.

Разбојникот со употреба на сила влегол во куќата од каде ги одзел парите. Увид извршила екипа од полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното