Украина: Бомбардирана зградата на театарот во која се криеле стотици цивили

Украинскиот градски совет на Мариупол објави дека руски авиони ја бомбардирале зградата на театарот во градот каде се криеле стотици цивили.

Во соопштението на Градскиот совет на Украина во Мариупол, беше нагласено дека руски авиони го бомбардирале Драмскиот театар во Мариупол, каде се криеле стотина цивили, додека бројот на загинатите во нападот засега не може да се утврди.

Во соопштението се вели: „Авионот фрли бомба врз зградата во која се криеја стотици цивили од Мариупол. Сè уште не е можно да се оцени исходот од овој ужасен и нечовечки чин, бидејќи бомбардирањето на станбени области во градот продолжува. Средниот се урна дел од Драмскиот театар, а шутот го блокираше влезот во засолништето за бомби во зградата. Се прават проценки на штетите“, се вели во соопштението.

Кулеба: Ова е страшно воено злосторство

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во изјава на својот профил на социјалните мрежи го опиша нападот на руската армија врз театарот во Мариупол како страшно воено злосторство.

„Уште едно ужасно воено злосторство во Мариупол. Масовниот напад на Русија врз Драмскиот театар, каде што се кријат стотици невини цивили. Зградата сега е целосно уништена. Русите сигурно знаеле дека е цивилен бункер. Спасете го Мариупол. Стоп за руските воени злосторници“, рече Кулеба.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската армија отворила оган врз конвојот за евакуација на цивили кои бегаат од војната во областа Мариупол во Украина.

„Руската армија отвори оган врз конвојот за евакуација во Мариупол“

Во соопштението на Генералштабот, беше споделено дека руската армија во текот на денот отворила оган врз конвојот за евакуација што се движел кон регионот Запорожје од повеќецевниот систем за ракетни фрлачи, бегајќи од војната во Мариупол.

Според првите утврдувања, во соопштението се наведуваат информации дека во нападот има загинати и ранети, а се истакнува дека меѓу загинатите има и деца.

Украинските власти вчера соопштија дека од Мариупол од коридорот биле евакуирани близу 20 илјади луѓе, а дел од евакуираните заминале во областа Запорожје.