Украина тврди дека соборила дрон како оној што падна во Загреб

Украинската армија објави видео на кое се гледа дека соборила советски извидувачки дрон Ту-141.

Се работи за истиот тип на беспилотно летало какво што се урна во Загреб во март.

– Украинската армија собори редок повеќекратен советски извидувачки дрон Ту-141, објавија Украинците.

Дрон Ту-141 од советско производство се урна во Загреб на 10 март во доцните вечерни часови на ливада во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ. Леталото поминало низ романскиот воздушен простор, каде се задржал само три минути, потоа низ унгарскиот простор, каде што се задржало 40 минути. Дронот влегол во хрватскиот воздушен простор летајќи со брзина од 700 километри на час на височина од 1.300 метри.

По седум минути во хрватскиот воздушен простор, дронот се урнал. Во несреќата е причинета материјална штета на околните автомобили, но немаше жртви.

Имаше и спор околу тоа дали дронот бил вооружен или не, но жупаниското државното обвинителство на прес-конференција одржана пред еден месец потврди дека во дронот имало авио-бомба која експлодирала при ударот од земја.

Остана целосно нејасно за каков експлозив се работи, бидејќи тогаш беше кажано дека анализата утврдила дека не се работи за ТНТ или некој друг конвенционален експлозив.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното