Уловени крапови во Охридско – „Охрид SOS“ предупредува за прекршување на правилата

Фотографии од уловени крапови во Охридското Езеро вчера се појавија на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции. Според активистите на Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“, сликите ги направиле рибари ангажирани од концесионерот „Питон“, кој стопанисува со риболовната зона „Воска“, од Канео до Подмолје.

Спорното во конкретниот случај е што крапот е изловен во период на мрест кога тоа е строго забрането.

Согласно Риболовната основа за управување и користење на рибите и другите водни организми во риболовното подрачје Охридско Езеро донесена од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од минатата година, периодот на мрест на крапот е во периодот од април заклучно со јуни. А во Мерките за заштита на рибите и други водни организми во Законот за рибарство и аквакултура, член 37, став 1 стои дека „риболовот се врши во текот на целата година, освен во времето за забрана во периодот на природен мрест на рибите и другите водни организми“.

Според тоа, концесионерот го прекршил законот, изловувајќи крап во период во период на мрест кога тоа е забрането.

Од „Охрид SOS“ потсетуваат дека инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државни инспектори за земјоделство.

Со изведување на риболов во мрест, концесионерот воедно го прекршил и член 21 од Законот за заштита на природата, за што е доставена е претставка за вршење вонреден инспекциски надзор и до Управата за животна средина и до Државниот инспекторат за животна средина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното