„Унгарија е подготвена да посредува за да се реши спорот со Бугарија“, рече Орбан

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија од Охрид кажа дека до крајот на годинава очекува Македонија да почне преговори со ЕУ.

„Имам јас предлог, и тој предлог му го пренесов. Затоа сме подготвени да посредуваме во тоа прашање. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник е нивна работа, но ние сакаме да се најде решение какво им одговара и на Бугарија и на Македонија. Но, тоа е работа на страните кои се во конфликт, ние сме тука да им понудиме помош. Сега следното е одвојување од Албанија. Тешко е тоа да се разбере. Една нација да се залажува постојано со почеток на преговорите, а другите земји да се примаат како членки. ЕУ мора да го има во предвид и националната гордост, а се повредува националната гордост на граѓаните на Северна Македонија. Ако гледаме чесно, вие одамна треба да сте дел од ЕУ, а ваквите постапки на ЕУ отвораат рани“, изјави Орбан.