Унгарија објави одлука за напуштање на МКС додека Нетанјаху оди на средба со Орбан!

Унгарската влада најави дека ќе се повлече од Меѓународниот кривичен суд (МКС), непосредно пред премиерот Виктор Орбан да го прими својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху, по кого МКС распиша налог за апсење.

„Унгарија го напушта Меѓународниот кривичен суд“, објави во четвртокот на Фејсбук шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гуљас.

Владата во четврток ќе ја започне процедурата за повлекување, во согласност со уставот и меѓународната правна рамка“, напиша на социјалната мрежа Х Золтан Ковач, портпаролот на унгарската влада.

Соопштението дојде откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна во унгарската престолнина Будимпешта, и покрај меѓународната потерница за злосторства во Појасот Газа.

Во ноември, МКС издаде налог за негово апсење, обвинувајќи го за воени злосторства против човештвото во Газа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното