Универзитетот во Калифорнија ги повика студентите да бидат подготвени за можна евакуација поради пожар

Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA) ги повика студентите да се подготват за можна евакуација, бидејќи предупредувањата за пожарот во Палисадес се проширија на областа во близина на кампусот.

„Издадено е предупредување за евакуација за областа во непосредна близина на UCLA поради пожарот во Палисадес. Ги замолуваме студентите во кампусот да бидат претпазливи и подготвени за евакуација, доколку предупредувањето се прошири и на нашиот кампус“, се наведува во соопштението на универзитетот на неговата официјална веб-страница, пишува Си-Ен-Ен.

Последната наредба за евакуација, која беше објавена вчера, вклучува делови од автопатот 405 во непосредна близина на музејскиот комплекс Гети Центар, на неколку минути возење од кампусот на универзитетот.

UCLA има повеќе од 46.000 студенти, а одлучено е предавањата во понеделник да се одржуваат онлајн.

Претходно денеска американските медиуми објавија дека, од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола и дека 50 или повеќе проценти од областа под оган е изгаснат, додека најголемиот пожар во Палисадите на Пацификот се уште е не е под контрола, ниту пожарите на Итон и Арчер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното