Универзумот ќе доживее катастрофа?! Симулација на квантна машина доведе до шокантно откритие!

Универзумот би можел да доживее катастрофа која би променила апсолутно сè, тврдат научниците од Универзитетот во Лидс, кои користеле квантна машина за симулирање на создавањето и исчезнувањето на универзумот, објави денеска Индепендент.

Пред околу 50 години, квантните физичари сугерираа дека универзумот може да биде заробен во таканаречениот лажен вакуум, каде што изгледа стабилен, но може да се пресели во вистински вакуум и да биде уште постабилен.

Истражувачите сега користеле квантна машина за подобро да го разберат овој лажен процес на распаѓање во вакуум, кој е поврзан со потеклото на универзумот и може да им помогне на научниците да разберат како ќе заврши.

-Зборуваме за процесот со кој универзумот целосно би ја променил својата структура – изјави Златко Папиќ од Универзитетот во Лидс.

Научниците користеа тип на квантна машина за да симулираат како меурите се однесуваат во лажен вакуум и беа во можност да го контролираат системот да се движи од лажниот во вистинскиот вакуум, следејќи го процесот на мали и кратки размери за да можат подобро да го разберат размерите на универзумот.

– Овој феномен е споредлив со тобоганот кој има неколку долини долж патеката, но само една вистинска најниска состојба, на ниво на земјата. Ако навистина е така, квантната механика би му дозволила на универзумот на крајот да се спушти до својата најниска енергетска состојба или вистински вакуум, а овој процес би резултирал со катаклизмичен глобален настан – рече Жан-Ив Десо, коавтор на студијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното