Главниот и одговорен уредник на интернет порталот „Инфомакс“ Александар Митовски вечерва објави дека непознато лице насилно упаднало во просториите на редакцијата, кои се воедно и негов дом.
Според објавата на социјалните мрежи, инцидентот вклучувал насилно влегување и напад. Уредникот посочува дека целиот настан е документиран.
„Сè е снимено, и нападот и упадот и насилството“, стои во неговиот Фејсбук статус.
Тој информираше дека припадниците на полицијата реагирале брзо по пријавата. Во однос на мотивите, уредникот напаѓачот го карактеризира како „партиска будала“, најавувајќи дека случајот ќе има правна разрешница до крај.
По завршувањето на полициските процедури и увидот, најавено е дека редовната емисија на „Инфомакс“ ќе продолжи со емитување.
Нападот се случи додека емисијата „Тешки муабети“ во живо.