Урагански удари во Црна Гора: 14 лица се спасени од снегот

Преку успешна операција координирана преку Центарот за оперативни комуникации 112, во соработка со Службата за заштита и спасување Никшиќ и Службата за заштита и спасување Жабљак, во неделата во три операции беа спасени 14 лица кои беа заглавени во снегот, соопшти МВР. соопштија од Црна Гора.

„На територијата на општина Жабљак се спасени седум државјани на Бангладеш и двајца државјани на Руската Федерација, а во месноста Крново петмина црногорски државјани. Преку системот на Оперативно-комуникацискиот центар 112 се лоцирани завиени лица и испратени се информации до службите, а благодарение на брзата реакција на Службата за заштита и спасување сите се безбедно евакуирани“, соопшти МВР.

Освен снег, вчера во Улцињ се забележани и најсилни налети на урагани од над 100 километри на час, додека во Подгорица дувал ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час. Во повеќе градови низ Црна Гора за време на викендот паднаа дрвја и фасади.

Службата за заштита и спасување на главниот град и денеска апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.

Од Метео центарот на Телевизија Вијести соопштија дека во вторник на 14 јануари се очекува постепено намалување на јачината на ветерот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното