Украинските пристаништа Јужни и Черноморск утрово испловиле за уште два брода натоварени со жито како дел од договорот за обезбедување на извозен коридор постигнат во Истанбул на 22 јули, соопшти турското Министерство за одбрана, цитирано од Anadolu Agency.
Уште четири брода, кои вчера ја напуштија Украина, го продолжуваат својот курс кон Истанбул, каде што е седиштето на Заедничкиот координативен центар формиран според договорот. Се очекува вечерва да го фрлат сидрото на турското крајбрежје и утре да бидат прегледани.
Договорот за обновување на извозот на жито од Украина беше потпишан на 22 јули во Истанбул од претставници на завојуваните страни Украина и Русија и посредниците на договорот – ОН и Турција.