Уште две телевизии го прекршија изборниот молк, вчера емитувале прес конференција на министер

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел.

Двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта.

ТВ Вистел во два наврати емитуваше прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во Вестите во 10 часот емитуваше изјава од истиот министер.