Уште една несреќа во рудник во Шпанија – две лица загинаа

Двајца рудари загинаа при уривање на тунел во рудник за јаглен во северозападна Шпанија.

Инцидентот се случил во шпанскиот автономен регион Астурија.

Друго лице беше пријавено за исчезнато, но подоцна беше објавено дека успеало да избега пред уривањето.

Еден од тунелите на рудникот се урна на околу километар и половина од влезот.

Причините за уривањето сè уште не се познати. Според синдикатите, рудникот ги исполнувал сите безбедносни барања, објавија локалните медиуми.

Ова е втора смртоносна несреќа во Астурија оваа година. Во март, пет работници загинаа во експлозија во рудник за јаглен во близина на Дегана.