Уште три жени жртви во пожарот во домот за стари лица во Белград: Бројот на загинати сега е 11

Три жени загинаа од повреди здобиени во пожар што избувна на 20 јануари во дом за стари лица во приградската белградска општина Бараево, јави Радио телевизија на Србија (РТС), повикувајќи се на извор од Вишото јавно обвинителство во Белград.

Така, бројот на жртвите во домот „Ивановиќ“ во Велики Борк во Бараево се искачи на 11, додека уште четворица се повредени.

Обвинителството нареди обдукција на телата на три починати жени, родени во 1934, 1956 и 1977 година, јави РТС.

По пожарот, повредените се пренесени во Ургентниот центар и ВМА, а некои други жители се префрлени во друг дом за стари лица, соопштено е по инцидентот.

Во домот живееле 34 корисници, наводно пет повеќе од максимално дозволениот број по лиценца за работа, а министерот за труд Немања Старовиќ во вторникот на 21 јануари изјави за РТС дека постојат сомневања дека во домот не се почитувале правилата.

Институцијата имала важечка лиценца за работа, но сметката и е блокирана со години.

Се сомнева дека кобната ноќ не биле испочитувани одредени безбедносни процедури во врска со присуството, дејствијата или непостапувањето на одговорните за безбедноста“, рече Старовиќ.

По трагедијата, социјални инспектори му забранија да работи на одговорното лице за домот за стари лица во Велики Борк, соопшти Министерството за труд, вработување, социјални работи и бранители.

По наредба на дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, на тројца осомничени во врска со пожарот им е одредена мерка притвор.

Наредена е обдукција на жртвите и во тек е истрага за утврдување на сите околности кои довеле до несреќата.

Според претходното соопштение на обвинителството, пожарот го предизвикал станарот во домот, најверојатно со цигара или запалка.

Од четворицата повредени во ВМА, една жена е во тешка состојба и е интубирана, изјави за РТС лекарот Иван Лековиќ.

Има индиции дека пожарот е подметнат пожар, изјави министерот за труд, вработување, бранители и социјала Немања Старовиќ.

Додаде дека Домот за стари лица „Ивановиќ“ имал важечка дозвола за работа и сите потребни услови за заштита од пожари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното