Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за упатството на АВМУ

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на партијата Левица, со која беа оспорени делови од Упатството на АВМУ за радиодифузерите за локалните избори 2025.

Судот оцени дека упатството е во согласност со Изборниот законик и дека АВМУ само ја спровела законската одредба од членот 75ѓ, без да ги пречекори своите овластувања.

Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, порача дека иницијативата е поднесена само два дена пред изборниот молк и апелираше до лидерот на Левица, Димитар Апасиев, да покаже поголема политичка и академска култура.

Во иницијативата Левица тврди дека упатството е произволно донесено и дека со него се ограничува пристапот до платено политичко рекламирање за некои партии, меѓу кои и Левица и ЗНАМ.