Турскиот парламент го усвои законот предложен од претседателот Реџеп Таип Ердоган со кој новинарите и корисниците на социјалните мрежи ќе ги казни од една до три години за ширење дезинформации.
И покрај критиките за заканите за слободата на говорот, пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и нејзините сојузници Партијата за национално движење (МХП), кои заедно имаат мнозинство во парламентот, одобрија закон со кој се забранува ширење на дезинформации, пренесува Ројтерс . .
Најголема загриженост е членот 29, кој вели дека оние кои шират лажни информации за безбедноста на Турција со цел „да создадат страв и да го нарушат јавниот ред“ ќе се соочат со затворска казна од една до три години.
Да не се донесе ваков закон побараа пратениците од опозицијата, европските земји и активистите за медиумски права.
Пред гласањето во турскиот парламент, Венецијанската комисија, која го советува Советот на Европа, објави дека е особено загрижена за „потенцијалните последици од таквата одредба, односно застрашувачки ефекти и зголемена самоцензура“.