Младата 22-годишна модна дизајнерка Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на улицата „Партизанска” во Скопје, денеска ќе биде погребана во родното Неготино. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, преку Фејсбук ги информираше сите пријатели, роднини и колеги за деталите околу погребот.
„Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат. Утеха ни на небо ни на земја“, напиша тој во објавата.
За сите кои сакаат да и оддадат почит, погребот ќе се одржи попладне, но претходно ќе биде организирана можност за почит во капелата Бутел во Скопје од 10 до 11 часот, како и во капелата во Неготино од 13 до 14 часот.
„Почивај во мир, мила наша, мила да си при Бога, Фросинче“, напиша таткото.