Градот Скопје ги информира граѓаните дека утре во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град.
Од Град Скопје посочуваат дека третманот ќе биде изведен во утринскиот термин, со цел навремено сузбивање на комарците и намалување на ризикот од нивно размножување во текот на летниот период.
Доколку временските услови не овозможат спроведување на дезинсекцијата во планираниот термин, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден кога ќе има поволни услови, во истиот временски период.
Надлежните апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, со цел да се избегнат евентуални негативни последици од третманот.
Градските власти нагласуваат дека дезинсекцијата е дел од редовните активности за одржување на јавното здравје и подобрување на условите за живот на граѓаните во летниот период.