Утре без струја делови од Аеродром и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром и Карпош, соопшти РЦУК.

Се вчитува...

Во период од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 30, во општина Аеродром, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел ул. „Момин Поток“, ( Хотел Виргина и околината) во општина Карпош. 

Извор: Сител телевизија