Утре „Егзит“ во Струмица, главна ѕвезда е Џон Њуман

Најголемата забава за испраќање на летната сезона на настани во организација на тимот на ЕГЗИТ, утре пристигнува во струмичкиот Градски парк. Журката почнува во 19 часот, а ќе настапат водечките имиња на светската и регионалната сцена – поп и соул сензацијата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, омилената уметница во регионот Констракта, рок легендите Ван Гог, струмичкиот Џамбо Агушеви Оркестар и младите продуцентки и диџејки во подем Лана и Д Георс! Влезот е слободен, а сѐ уште се достапни и ВИП влезниците по цена од 3.100 денари за оние кои овој спектакл сакаат да го доживеат на највисоко ниво!

Капиите на струмички Градски парк ќе бидат отворени во 19:00 часот, а публиката во 20:00 часот ќе ја пречека локалниот Џамбо Агушеви Оркестар, еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот, додека во 21:00 на бината ќе застане омилената регионална уметница Констракта со својот бенд „Земља Грува“! Гитарскиот звук од 22:30 ќе го донесат рок легендите, групата Ван Гог, по која ќе следува исчекуваниот, специјален хибриден настап на светската поп и соул сензација Џон Њуман, кој почнува во 23:50! Од 01:05 публиката ќе ја разигра глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Бурак Јетер, додека за завршницата на втората по ред Get EXITed журка ќе биде задолжена силната женска поддршка од светот на електронската музика – младата продуцентка и диџејка Lanna од 02:30 и одличните The Geors од 03:30!

Влезот е бесплатен и отворен за сите посетители, а за оние кои еклектичната музичка програма и најголемите светски и регионални ѕвезди сакаат да ги чујат и доживеат на највисоко ниво, достапни се ВИП влезниците по цена од 3.100 денари. Посетителите кои купиле ВИП влезници, истите ќе можат да ги заменат за нараквици на самиот настан на влезот во ВИП зоната.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното