Утре го празнуваме Цветници

Православните христијани утре го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.

Цветници секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен.

Се вчитува...

Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.