Утре избор на 47 обвинители за осумнаесет јавни обвинителства во Македонија

На дневниот ред на 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, која ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот, се наоѓа изборот на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства.

Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.

Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.

По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица. 

Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.

За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното