4NEWS.mk

Утре жолта фаза, температурите до 40 степени

Времето утре ќе биде многу топло, со максимални температури кои во југоисточните делови ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9.

Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта фаза.

Во Скопје утринската температура ќе биде 19, а максималната дневна 37 степени. Најтополо ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.

До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни