Утрово најстудено на Попова Шапка

Во Македонија утрово се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка со -2 степени, додека 0 степени се регистрирани во Маврови Анови. Во Крушево температурата изнесувала 1 степен, 4 степени се измерени во Охрид, а 5 степени во Крива Паланка, Тетово, Битола, Прилеп и Берово. Во Претор се измерени 6 степени, 7 во Виница, додека 8 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Куманово, Штип, Кавадарци и Струмица. Најтопло утрово било во Демир Капија и Гевгелија со 9 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Маврови Анови, каде наврнале 48 литри на метар квадратен, потоа во Пожаране со 34 и Крушево со 31 литар. Во Прилеп се измерени 23, во Охрид и Тополчани по 21, додека на Попова Шапка 20 литри на метар квадратен. Во Кавадарци наврнале 18, во Битола и Демир Капија по 17, а во Тетово 16 литри. Помали количини врнежи се регистрирани и во Претор (13), Гевгелија (10), Крива Паланка (9), Струмица (8), Велес (7), Куманово и Виница (по 6), Скопје-Петровец, Штип и Берово (по 5), Скопје-Зајчев Рид (4) и Ѓуриште (3 литри на метар квадратен).

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјата. Поради продор на постуден воздух, на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 15 степени.