Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -13 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -13 степени.

По Шапка следува и -10 во Крушево и Маврови Анови, -7 во Берово, Битола, Претор, -6 во Тетово,-5 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Охрид, -4 во Струмица, Штип, Виница, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија,  -2 во Велес, Кавадарци и 0 степени во Гевгелија. 

Времето денеска претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното