Утрово најстудено е на Попова Шапка. Измерени се -3 степени.
По Шапка, измерени се -1 степени во Берово, 0 Битола, Kрушево, 1 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп, Mаврови Анови, 2 Крива Паланка, Претор, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија, 4 Велес, Кавадарци, 5 Демир Капија, 8 Штип, Виница.
Најмногу снег има повторно на Попова Шапка, дури 53 см.
Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
