Утрово најстудено со најмногу снег на Попова Шапка!

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени.

По него следува и -2 во Маврови Анови, -1 степен во Охрид, 0 Битола, Kрушево, 1 Берово, Претор,2 Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница, Крива Паланка, 4 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, 6 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 10 Гевгелија.

Најмногу снег има само на Попова Шапка и тоа 89 см.

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.