УЖАС: Тренер и удри шлаканица на натпреварувачката откако го изгуби натпреварот: Вели дека сакал да ја „смири“

Во Албанија се оддржува Европско првенство по таеквондо во категоријата девојчиња на возраст од 6 до 8 години. Сепак, она што се случи по еден од натпреварите го привлече вниманието на медиумите.

Откако српската натпреварувачка Нина Савиќ го освои златниот медал по двете победи над претставничките на Босна (2:0) и Косово (2:0) и со тоа стана двоен европски шампион и додека таа славеше, натпреварувачката од Косово се упати со плачење кон својот татко и тренер Ваљмир (Валмир) Фети.

На видеото може да се види дека тој прво грубо ја повлекува за кацигата, а потоа и удира шлаканица.

Во меѓувреме реагираше судијата и го опомена. Сепак, тренерот прво ја турна раката на судијата, а потоа си замина. Еден од судиите и пришол на девојката и ја прегрнал.

Сето ова го снимила камерата reStrike IVR која натпреварите ги пренесува во живо на својот канал на YouTube.

Некои медиуми објавија дека тренерот наводно ќе биде суспендиран на шест месеци од овој спорт.

Таеквондо федерацијата на Косово досега не се огласила на својата Фејсбук страница, додека веб-страницата е недостапна.

Во медиумите таткото вели дека целта му била да ја „смири“ натпреварувачката, бидејќи „била лута поради поразот“.

„Таа е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментот кога девојката била дезориентирана и лута што загубила од српскиот натпреварувач, лежела на земја и не можела да се помири со поразот. Едноставно сакав да ја смирам и да и дадам до знаење дека и покрај поразот е вицешампионка и дека ќе има други можности“, изјави Фетиу.