Телото на моторџијата Александар Томиќ (41), познат како Бато од Пале, за кој се сомневаат дека е убиен, се уште не е извлечено од гробот каде што наводно бил погребан.
Гробот кој е покриен со голема бетонска плоча е пронајден во селото Јеловци кај Сумбуловац, но телото не е пронајдено ниту официјално идентификувано, дознава АТВ.
Полицијата е на лице место и ја обезбедува локацијата и според неофицијални информации се чека наредба за ексхумација за да се направи се согласно законот.
Токму затоа полицијата и обвинителството официјално не се огласија во јавноста за овој случај кој ја потресе Босна и Херцеговина, а повеќе информации ќе се знаат по ексхумацијата.
Да потсетиме, на Томиќ вчера му се губи секаква трага кога излегол од дома во машко друштво. Бидејќи со часови не се враќал дома, неговата сопруга ги алармирала сите нејзини познаници и моторџии, кои се организирале и почнале потрага. Исчезнувањето на Томиќ утрово во 9 часот и 40 минути официјално било пријавено во полиција.
При претресот било откриено дека „аудито“ во кое влегол Томиќ се упатило кон селото Цареве воде, а потоа кон Јеловци биле пронајдени чаши и траги од крв. Во меѓувреме се појавија информации дека Томиќ е убиен и закопан во гробница.