Ужас во Братислава: Бебе пронајдено во машина за перење, мајката тврди не знаела дека е бремена!

Истражителите во Братислава сè уште се обидуваат да го решат морничавиот случај на новородено бебе пронајдено мртво во машина за перење.

Мајката, 40-годишната Ти М., е обвинета за убиство на детето, а сега јавно проговори за прв пат по трагедијата што ја потресе Словачка.

Според истрагата, жената тајно се породила во бањата од својот стан, додека гостите биле во нивниот дом. Откако се заклучила во бањата, таа не се вратила долго време, а гостите набрзо го напуштиле станот. Дури подоцна било откриено дека родила бебе, чие тело било пронајдено во машината за перење.

Таа на судењето изјавила:

„Многу ме болеше. Жал ми е. Паѓав, губев свест. Повеќе не можев да мислам на детето“, објавува весникот Плус Једен Дењ.

Ти М., виетнамска државјанка што живее во Братислава, рекла дека не знаела дека е бремена и дека нејзиниот партнер не бил свесен за бременоста. Според првичните наоди на лекарите, можно е да станува збор за криптична бременост – редок феномен кога жената не покажува никакви типични симптоми на бременост и ја открива состојбата само за време на породувањето.

„Не работам, останувам дома. Мојот сопруг одлучи да биде со мене. Нашите четири деца живеат со нас“, изјави таа пред судот.

На сослушувањето дојде во придружба на семејството и пријателите, кои ги покрија лицата за да не бидат фотографирани.

Истрагата е во тек

Словачката полиција сè уште ги утврдува околностите на раѓањето и смртта на бебето. Иако околностите се нејасни, обвинителството поднесе обвинение за убиството на новороденчето. Судот ќе одлучи дали мајката ќе остане во притвор до крајот на постапката.