Балкан

Ужас во Лесковац: Змија касна млада мајка додека спиела со своето бебе – „Со денови се слушаше шушкање“

20-годишната Т.С. од селото Драшковац во близина на Лесковац, вчера во 8 часот наутро, додека спиела со своето бебе во спалната соба ја каснал смок, кој бил вовлечен под креветот.

„Бебето спиеше со мене на креветот, подобро мене што ме касна, а не него. Во куќата беа и моите две ќерки од 4 и 6 години. Веројатно влегла преку скалите, бидејќи во спалната соба немам директно прозор кој би бил отворен, така што сигурно влегла преку влезната врата. Никој не ја приметил, но сигурно била подолго време тука бидејќи цела недела слушав некое удирање и шушкање по собата, но не претпоставив дека е змија во прашање. Тоа ни на крај памет не ми текна“, вели за Југмедиа младата мајка.

Таа вели дека каснувањето го приметила кога започнала да ја боли и отекува раката, па веднаш ги викнала „Зоо Планет“ и итната помош.

Таа додава дека подоцна ја посетила и Инфективната клиника каде и биле дадени инфузија, инјекција и тетанус, а преку овој настан ги предупредува и останатите граѓани со цел да ја проверуваат секогаш куќата бидејќи, како што вели, ова е голема траума.

Инаку, во Србија постојат 10 видови на змии, од кои 3 се отровници, а останатите од семејството на смок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни