Ужас во Задар: 82-годишна жена пронајдена мртва, полицијата се сомнева дека смртоносните повреди и ги нанело кучето на внукот!

Жена (82) вчера била пронајдена мртва во стан во Задар, а се сомнева дека смртоносните повреди и ги нанело куче, американски стафорд, сопственост на член на семејството.

Полицијата вчераутро добила пријава дека 82-годишна жена е пронајдена мртва во стан на булеварот во Задар со повреди кои укажуваат на насилна смрт.

Се вчитува...

Во станот кој е во сопственост на член на семејството бил пронајден и американски стафорд, кој бил во сопственост на внукот на починатата старица.

Полициски службеници извршиле увид, додека за кучето се грижела надлежната ветеринарна служба.

По наредба на државното обвинителство, Одделението за патологија извршило обдукција на жената, при што било утврдено дека таа починала од каснување од куче.