Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани организираат 33-ти по ред „МАРШ НА АНГЕЛИТЕ“ на 13 декември 2025 година, со почеток во 14 часот и 05 минути, што е посочено како „задоцнета реакција“ по настанот, информираат од Здружението на граѓани „16-ти Март Кочани“ преку известување до медиумите.
Маршот ќе започне од Паркот на револуцијата – Кочани, а потоа ќе продолжи по следнава рута:
- Продолжува кон Трговски центар.
- Потоа па Управата за јавни приходи – Кочани.
- Колоната ќе продолжи кон Министерството за внатрешни работи – Кочани.
- Потоа продолжува кон Основен суд – Кочани.
Маршот ќе заврши со враќање во Паркот на револуцијата – Кочани.
Како што се наведува во известувањето, „МАРШОТ НА АНГЕЛИТЕ“ е марш за поддршка на семејствата на починатите во пожарот во Кочани и е уредно пријавен до надлежните органи.
„…Нашата причини за известување е во фактот што сакаме јасно да потенцираме дека ние сме согласни да се врши снимање на настанот, со цел јавноста да знае дека за ПРАВДАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА ќе се бориме до крај и нема да застанеме ниту за момент. Најстрого Ве замоуваме да се врши само снимање и во целост да се почитува приватноста и болката на семејствата.“
Воедно, се известува дека „МАРШОТ НА АНГЕЛИТЕ“ е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани и ги замолуваат сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат и поддржуваат МАРШОТ и неговата реализација.