Поврзи се

4NEWS.mk

Вака гинат херои: На тајландски пилот му откажа моторот, еве што направи за да не падне авионот во градот

Ова е драматичниот момент кога пилот херој го пренасочува својот авион далеку од куќите за да спаси животи на десетици луѓе пред и самиот да загине.

Водачот на ескадрилата Наруепол Луеадкусол во Чијанг Мај на северот од Тајланд обучувал нов пилот во воениот авион Аеро L-39 Албатрос.

Но на половина пат, моторот му откажал. Наруепол се обидел повторно да го покрене авионот, но кога не успеал, упатил повик за помош и се подготвувал за следување.

Пилотот на леталото на Тајландското воздухопловство авионот со последните сили го изнел авионот надвор од блискиот град и прометниот автопат, во густата шума.

Трагично, загина откако му откажа катапултот. Другиот пилот преживеа.

Снимката од автомобил во движење покажува како авионот околу 4 часот се забил во дрвјаа во округот Сарапи.

Преживеаниот Танават Кункундот рече дека неговиот наставник се обидел што е можно повеќе авионот да го оддалечи до градот.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com