Емина Јаховиќ во последниов период е се поактуелна во медиумите, најпрво поради разводот од турскиот композитор Мустафа Сандал, а подоцна и поради нејзината нова врска со турскиот милионер Садетин. Сега Емина објави фотографија од минатото пред да направи операција на носот.
Иако медиумите често зборуваат за тоа дека пејачката променила неколку работи на своето тело со помош на пластични операции, сепак таа отворени никогаш не зборувала за тоа, се до сега. Со оваа фотографија таа покажа како изгледаше пред 12 години. Погледнете:
Под неа таа напиша: „Јас и Нино во Њујорк пред 12 години, пред мојата операција на носот и пред тој да ослабе“.
Како што кажавме, изминативе денови, турските медиуми на големо пишуваат за нејзината љубов со Садетин, со чија втора жена пејачката се познава. Во прашање е забарката Енек Кулар, а додека биле заедно со задоволство се гледале со парот Јаховиќ-Сандал на луксузните прослави по Истанбул.
Како и да е, Емина се уште мудро молчи, па информацијата дека е во врска со Садетин, ниту ја потврдила, ниту ја демантирала.